Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, има обезбедување пред и околу неговиот дом, меѓу кои и „снајперисти“.



Тој изјави дека бил информиран дека постои многу сериозна безбедносна закана од најавторитетната меѓународна служба.

Според него, заканата по неговиот живот дошла поради неговата поддршка за Украина, пишва Њуз.Бг.

„Kако што си објаснувам, поради категоричната поддршка за Украина – дека благодарение на нас, голем дел од помошта што отиде е на дело… И затоа една од најмоќните служби дава сигнал.

Велам дека нема друга причина, нема ништо што сме направиле во текот на годините освен тоа“, изјавил Борисов.

Според него, заканата доаѓа од Русија.

„Нема да се плашиме, нема да го промениме курсот“, изјави Борисов.

Многупати сум се исплашил, изјави Бојко Борисов, кој истакна дека неговите внуци биле депресивни од обезбедувањето.