Бојкот на маркетите „Да“, но граѓаните сметаат дека еден ден е малку

Граѓаните за последниот ден од јануари најавија бојкот на сите маркети, додека оние кои денеска ги анкетиравме велат дека се за овој бојкот, а други велат дека не треба ни да бојкотираат бидејќи веќе е крајот на месецот и нема што да трошат. Ова се прави оти цените се зголемија во опсег од 50% до дури 200% за некои артикли, велат познавачите на состојбите. Како оправдување често се наведуваше влијанието на случувањата на глобалниот пазар, синџирот на снабдување на стоки итн.



„Можеби ништо нема да се постигне, но тоа ќе биде предупредување и за владата и за трговците. Добро е што е на ниво на поранешна Југославија и зошто да не учествуваме и ние, да бојкотираме на некој начин бидејќи цените се навистина високи за нашиот стандард и мислам дека тоа би имало мало влијание“, реагираат граѓаните и додаваат дека еден ден не е доволен.

Неформална група ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи да ги бојкотираат продавниците утре поради високите цени на основните намирници.

Гордана Булиќ од Здружението на потрошувачи на Босна и Херцеговина изјави дека здружението не е иницијатор на бојкотот, но ги повика граѓаните да одговорат на повикот и да им кажат на трговците колкава моќ имаат потрошувачите, јавија сараевските медиуми.

Граѓаните се повикани да ги бојкотираат не само продавниците, туку и рестораните и бензинските пумпи. Истиот бојкот беше организиран и во Хрватска минатиот петок.