Поранешниот пратеник Зоран Шапуриќ во Отворено на ТВ 24 рече дека бојкотот ќе има ефект и со него ќе се испрати порака до сите институции. Според него потрено е да се зголемат и казните предвидени со Законот за нефер трговски практики.
- „Убеден сум дека бојкотот ќе има силен ефект и со него се праќа силна порака и сите институции и невлдини ќе се вклучат во овие анализи и ќе се донесат соодветни мерки. Бојкотот не значи да се направи залиха во четврок па да не се купува во петок, бојкотот е да се воздржиме од купување“, изјави Шапуриќ.
Тој рече дека ваквите бојкоти даваат резултати и во другите земји и се добар старт за да се направат промени.
- „Ова е најмногу за да се покаже вредноста на граѓанинот дека може да влијае врз одредени процеси. Најпрво ова е да се испрати порака а потоа да се направи промена. Треба да се зголемат казните со Законот за нефер трговски практики бидејќи се минимални во споредба со приходите. Очекувам и институциите да преземат чекори, но треба и подлабока анализа“, рече Шапуриќ.
Тој потенцираше и дека бојкотот во иднина ќе се зголеми односно може да продолжи и за време на викенд но и со бојкотирање на одредени маркети и трговци.





