Бошњаковски и Радева од кабинетот на Пендаровски прават тешка злоупотреба на институцијата претседател

Генералниот секретар Миле Бошњаковски и заменикот генерален секретар за комуникации Билјана Радева од кабинетот на Пендаровски прават тешка злоупотреба на институцијата претседател.



Екс новинарот Бошњаковски и Радева која е екс офицер за медиуми во британската амбасада во Скопје пред пет години станаа главни службеници во кабинетот на Пендаровски но на крајот на мандатот прават прекршување на сите можни правила со злоупотреба на институцијата претседател преку соопштение кое е дневно политичко а не во име на сите граѓани.

Како државни функционери кои добиваат плата од буџетот кој го полнат сите граѓани двајцата не смеат да се мешаат во кампањата што ја води Пендаровски против Силјановска.

Доколку сакаат да ја водат кампањата за Пендаровски тогаш тие мораат да си дадат оставки во кабинетот на претседателот.

Бошњаковски и Радева се луѓето кои го напишале или дозволиле скандалозното соопштение во име на кабинетот на претседателот во кое Пендаровски се пресметува со ривалката во трката за претседател Гордана Силјановска Давкова и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ што е груба злоупотреба на институцијата претседател.

И Бошњаковски и Радева знаат дека не смееле да водат пропаганда преку кабинетот на претседателот но сепак вчера медиумите добија скандалозно соопштение во кое Пендаровски кој тврдеше дека е претседател на сите граѓани прави партиски, етнички и политички поделби што е спротивно на мандатот на претседателот и надвор од ингеренциите на кабинетот на претседателот на републиката.

Во соопштението Бошњаковски и Радева преку кабинетот вршат груб и непримерен напад врз професорката Силјановска.

Во соопштението од кабинетот на Стево Пендаровски меѓу другото се вели:

Затоа на овие избори наместо со професионална, натпартиска личност како што најавуваше, ВМРО-ДПМНЕ излегува со докажан партиски кадар како Гордана Силјановска Давкова, актуелна пратеничка во Собранието каде ревносно ги брани ставовите на партијата.

Силјановска Давкова не е ново лице на македонската политичка сцена, нејзиното политичко профилирање е уште во далечниот период од 1992 – 1994 година, како министерка во првата Влада на СДСМ, а не се непознати ниту нејзините политички ставови.

Силјановска Давкова беше гласен противник на Законот за употреба на јазиците и се докажа како албанофоб, а со силното противење на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, се докажа и како антиевропски политичар.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ предлага вакви „натпартиски“ кадри, цената на крајот ја плаќаат граѓаните. Така беше и со Ѓорге Иванов кој ја сроза функцијата претседател на државата, така е и со Данела Арсовска која за две години направи пустош во Град Скопје.

Но, ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка треба да бидат свесни дека граѓаните нема да дозволат функцијата Претседател на државата одново да биде погазувана и понижувана, а самата држава да тргне во погрешен правец, како што тоа беше случај цели 11 години.