,,Боте ги сака ботовите” – Како Бетмен ги откри ботовите на СДСМ

Кои се фантомските ботови односно лажни профили на социјалните кои ,,ги поддржуваат” ставовите на СДСМ е енигма која ја открива Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.



Илиевски анализирал профили кои што коментираат на коментари од високи функционери на СДСМ и открива дека се работи за партиски ботови кои реално не постојат и се создадени на конкретен датум со конкретна цел, да ги поддржуваат политиките и ставовите на СДСМ.

Во кратката анализа ,,БОТЕ ГИ САКА БОТОВИТЕ И БОТОВИТЕ ЈА САКААТ БОТЕ?”, Илиевски објавува како ги открил ботовите на СДСМ.

,,Вчера пишав еден коментар за пресовите на сдс на тема „срамот во Бугарија“, а поврзани со сликата на ГСД и Радев. Неврмајнд содржината, позната ви е… во коментари се јави имењачката Богданка и ми напиша свое видувае на нештата.

Нејсе, она што ми беше индикативно е дека за 1 час по нејзината објава имаше 40-тина лајкови на коментарот. Ништо чудно, во принцип – но во случајот, чудно – од низа причини, да не ги образлагам – искуствено ги знам.

И… де, реков да видам, кои се овие луѓе кои дошле во еден час, ја лајкале Богданка и си заминале подома… Кога ќе видам, што ќе видам 🙂 Ви направив мала колекција. Има уште, понегувани ботови (поодгледувани на фармата за ботчиња) од овие, но и со ова ќе ви стане јасно за што се работи.

Сите освен 1 или 2 лајка се од реални профили. Се друго е фармвил продакшан, ваљда новиот пиар на сдс користи стари познанства за фармање ботчиња, па ги активира повремено. Најтупите му ги покажувам сега, другите, понегуваните – друг пат.

Карактеристично за сите овие кои ќе ги видите е што:

1. се „родени“ на фејсбук во последните 2 години, многу од нив на ист ден, јееее!
2. најчесто прво имаат кавер слика (во лош квалитет, со неутрална позадина, ниту една од Македонија)
3. првата профилна им е бројот 1 на 24 април (прв круг претседателски избори годинава)
4. СИТЕ смениле профилна на ист ден, 27 август 2024

Ништо против, нека си дуваат така едра дека се многу јаки со ботови, ама после пак ќе има чудење кога ќе сфатат дека ботовите не гласаат на избори… Нели.

Ајде, поззиќ Боте*

*се познавам со Богданка, не знам дали ја викаат Боте нагалено (како што на пример викаме друга Богданка во Охрид), но во ситуацијава ми беше соодветно”, пишува Илиевски кој претходно откри дека профили на Фејсбук кои со скапи спонзорирани постови водат кампања против ВМРО-ДПМНЕ имаат телефони од медиуми кои се во сопственост на пропагандисти блиски на СДСМ.