„Ќе има влада на ГЕРБ кога јас ќе бидам премиер“, се пошегувал денеска лидерот на победничката партија на последните предвремени избори во Бугарија, ГЕРБ, Бојко Борисов, откако вчера парламентот не го прифати предлогот оваа партија да составо малцинска влада.



Тој сериозен најави „Вчера стана јасно дека одиме на избори“.

На прашањето дали ГЕРБ-СДС ќе поддржи мандат доколку претседателот Радев го даде на коалицијата „Продолжуваме со промента – Демократска Бугарија„ (ПП-ДБ), Борисов неколкупати повтори: „Не, не, не, не“.

„Ние повеќе нема да учествуваме во преговорите и тоа им го кажавме јасно на сите“, инсистираше лидерот на ГЕРБ.

Бугарскиот парламент вчера го отфрли предлогот на ГЕРБ за влада со премиерот Росен Желјазковоткао против гласаа „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), „Вазраждане“, БСП, „Има таков народ“, „Величие“, како и 14 народни претставници од ДПС и двајца независни.

„За“ гласаа само пратениците на ГЕРБ и 30 од ДПС.

Така, номинацијата на Желјазков за премиер не беше прифатена.

Останува нејасно кому претседателот Румен Радев ќе го додели вториот мандат за формирање влада и дали тоа ќе биде втората по големина политичка сила – ДПС.