Бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази оптимизам во врска со изгледите за решение за грчко македонскиот спор околу името,
„Како што сторивме со Заев, кога потпишавме Договор за добрососедство, а потоа беше ратификувано од скопскиот парламент, така и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво треба да го решат прашањето помеѓу нив“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, запрашан како го коментира спорот меѓу Скопје и Атина.
Во ексклузивна изјава за АНА МП во Стразбур, внимавајќи притоа да го споменува северниот сосед на Грција само со името на главниот град, Скопје, тој изрази мислење дека двајцата премиери прво треба да го решат прашањето меѓу себе:
„Мојот колега Алексис Ципрас и мојот колега Зоран Заев се исклучително сериозни луѓе”, рече тој.
„Ја поддржувам дискусијата меѓу нив, ги знам, ако им е потребна помош, веднаш ќе им ја дадам, но двајцата мора да одлучат“, рече тој.
Бугарија, ќе биде задоволна ако има одлични односи меѓу Атина и Скопје, на ист начин како што Софија сега ужива одлични односи со Скопје и Атина.





