Лидерот на партијата ГЕРБ која освои над четвртина од гласовите на последните предвремени избори во Бугарија најави дека сака да биде премиер.
Според него, влада на ГЕРБ е можна со ПП-ДБ, БСП и ИТН, јави БГНЕС.
„Им се обраќам на сите мои колеги кои сакаат да слушаат: Влада може да се формира без ДПС – Нов почеток и Пеевски, без АПС, за жал без „Преродба“, затоа што сме од многу различни идеолошки семејства и без МЕЧ“, изјави поранешниот премиер во три мандати, Борисов, на денешната конститутивна седница во бугарското Народно собрание.
Тој ги спомна контактите што ги има со високи челници во Европа и со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Влада која би го задржала влијанието од земјите што би сакале да интервенираат. Таквата влада не е гест за мене, туку самопожртвуваност. 18 милијарди долг. Видете, Грција досега има апсорбирано 18 милијарди во рамките на Националниот план за закрепнување и отпорност. Контактите што ги имам со Европската комисија, претседавачот беше лично на нашиот форум и ги посочи ГЕРБ и Борисов како партнери и ги разграничи „Преродба“ од нас.
Со новиот американски претседател сме соработувале толку добро и сме се разбирале“ рече Борисов.
Аналитичарите најавуваат нова политичка криза во Бугарија и можни нови избори.
Во Софија денеска се одржуваат 7 протестни собири на денот на конституирање на новиот парламент.






