Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов и лидер на владеачката партија ГЕРБ смета дека НАТО без САД е многу многу слаба организација.
Во изјава пред самитот во Лондон на кој Бугарија не беше поканета Борисов рече дека Европа е во многу сложена ситуација.
Тој е уверен дека Трамп, за кого вели дека е негов добар пријател, и шефицата на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ќе најдат заеднички јазик за да го продолжат стратешкото партнерство затоа што без Америка НАТО е многу многу слаба организација.
Борисов очекува со новата европска политика за Украина да се зголемат буџетите за одбрана и инсистира ЕУ да дозволи дополнителните пари за оружје да не влегуваат во буџетскиот дефицит согласно правилата на Унијата.
Најмоќниот бугарски политичар смета дека новата ситуација ќе се одрази на социјално економските состојби во земјите членки на ЕУ а Европската инвестициона банка треба да финансира проекти за новите одбранбени проекти.
Изјавата на Борисов на овој линк на Инстаграм
https://www.instagram.com/reel/DGnyYyIt7sG/?igsh=eTdoaHAwanlnbWFh






