Ликувањето на цела Бугарија за признавањето на нејзино малцинство во Албанија го заокружи премиерот Бојко Борисов со јавна благодарност до албанскиот колега Еди Рама.
„Вложивме исклучителни дипломатски напори за да постигнеме успех во заштитата на правата на Бугарите што се дел од формирањето на нашиот народ, но останаа надвор од современите граници“, изјави Борисов. „Му благодарам на мојот пријател Еди Рама, пред кој го покренав прашањето и тој го исполни своето ветување дека Албанија нема да ги повреди интересите на бугарската нација. Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Албанија, во која гледаме вистински партнер и близок пријател“.





