Борисов: Или ГЕРБ ќе добие спикер на парламентот или…

ГЕРБ, победничка парија на последните (7-ми по ред) избори во Бугарија инсистира нивниот кандидат, Раја Назарјан, да биде избрана за претседател на парламентот.



Пропадна и третиот обид за избор на спикер на бугарскиот парламент

„Во демократијата има правила“, изјави Бојко Борисов за медиумите, инсистирајќи дека најголемата политичка сила има право да го предложи претседателот на Собранието, пренесоа медиуми.

„Ова е практика и во Европа. Инаку зошто одиме на избори“ и праша: „ да ги оставиме најмалите партии да владеат“?

Според него обидите да се обликуваат некои мнозинства нема да доведат до ништо стабилно.

Според него, најголемите партии треба да формираат влада.

Победата на ГЕРБ е категорична и тоа не може да се коментира, истакна лидерот на ГЕРБ и одби да одговори на повеќе прашања.