Бугарскиот премиер Бојко Борисов го оцени Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, кој го потпишаа заедно со македонскиот колега Зоран Заев на 1 август во Скопје, како клучен за Балканот.
„Договорот меѓу Бугарија и Македонија е клучен за Балканот. Македонија се наоѓа на такво место што ги засега сите држави околу себе. Петнаесет минути откако со Заев го потпишавме договорот, и Могерини и Туск ни искажаа поддршка за него, зашто сите знаат што значи тој. Вложивме многу напори со колегата Заев, седнавме двајцата и ги решивме клучните прашања“, изјави Борисов за радиото Дарик, кое токму договорот меѓу двата соседа го прогласи за настан на годината.
„Сега останува со заеднички напори на македонските соседи – Грција и Бугарија, да се реши проблемот за името на Македонија, кој ги разделува Грција и Скопје“, додаде претседателот на Министерскиот совет на Бугарија.





