Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов се обрати на Фејсбук на годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија и од Тракија во ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година во логорот на смртта во Треблинка.
„Денес, кога повеќе од кога било имаме потреба од лекција по родољубие, се сеќаваме на подвигот на Бугарската православна црква, на политичарите, јавните личности, интелектуалците и обичните граѓани, кои не дозволија да бидат испратени во смрт нивните сонародници Евреи.
Настаните од март 1943 година одекнуваат до денес во светската меморија, потсетувајќи дерка има надеж дури и во најцрниот мрак, сè додека обединувањето се бара и се наоѓа во името на една повисока кауза.
Горди сме и благодарни за подвигот на нашите предци што доведе до спасувањето на речиси 50 илјади бугарски Евреи.
Бог да ги прости невините жртви на холокаустот, меѓу кои и 11.343 Евреи од териториите на денешните Грција и Република Северна Македонија, чиишто животи ние Бугарите не можевме да ги спасиме“, напиша Борисов.





