Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го осуди вчерашниот израелскиот напад врз училиште во Газа во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.
Стотина убиени при утринска молитва во училиште во Газа
Дипломатот изјави дека бил ужаснат од сликите на училиште во Газа погодено од израелски напад, пренесе Еуроњуз.
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел рече дека „нема оправдување за овие масакри“ и додаде дека прекинот на огнот е единствениот начин да се спречи смртта на цивилите.
Борел рече дека ЕУ целосно го поддржува повикот на лидерите од САД, Египет и Катар да се склучат разговори за прекин на огнот, како и договор за ослободување на заложниците.
Тој, исто така, истакна дека над 40.000 Палестинци се убиени од почетокот на конфликтот и го критикуваше израелскиот министер Безалел Смотрич за противењето на прекинот на огнот.
Неговите коментари уследија откако израелски воздушен напад погоди училиште, претворено во засолниште во центарот на Газа рано во саботата, при што според палестинските власти загинаа најмалку 100, а беа ранети уште десетици.





