Дека имаме талент какви што нема многу во светот, знаевме, но добро е одново да си припомнуваме, да си повторуваме. Но најдобро е што и Филип Талевски со игра, со голови, па и со незапамтен репрезенативен успех не потсетува на својата големина.
Додека ги следите неговите 8 гола од игра на осминафиналниот меч од младинското ракометно СП, со кои го елиминиравме (24-20) домаќинот Алжир, ве потсетуваме. Потекнува од Крушево, има 21 година, 200 сантиметри, беше во Металург, сега настапува за Рајн Некар Левен.




