Некогашниот профи Светски боксерски првак во полувелтер, Амир Кан се разведува од сопругата Фарил Махдодо, пренесуваат медиумите, а интересно е тоа што Амир смета дека актуелниот Светски првак во тешка категорија е новиот човек на Фарил. Тој вели дека бракот завршил кога ја видел неверната сопруга во друштво на Ентони Џошуа.
Инаку сета комуникација се одвива на Твитер и е практично јавна забава за следачите на двата боксера. Таму Амир и посака се најдобро на Фарил која претходно му соопштила дека сака да се разделат бидејќи сака да биде со друг боксер.

„Престани да лажеш и не ги обвинувај другите за пропаднатата кариера“ брутално одговори навредената Фарил, на што Амир не издржа.
„Добиваш развод „среброљупке“, а Џошуа нека ги добие остатоците“ одговори Амир Кан, но се уште не успева да го вклучи или испровоцира Ентони јавно да проговори на прозивките.





