Боки 13 до Кичеец и луѓе од власта: Само ако ме убиете нема да зборувам за криминал и ликвидации

Бојан Јовановски алијас Боки 13 упатува порака до Зоран Милески Кичеец и луѓе од власта кои му се закануваат да не оди на второ интервју кај Стефан Лазаров.



Откако вчера од луѓе на Кичеец добил заканувачки пораки им порачува дека само ако го убијат нема да зборува за криминал, убиства, мафијашки пресметки и ликвидации.

,,Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров!

Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва (сега пред 15 мин) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…
Па еве вака, јас нему му кажувам јавно, дека утре дополнително ќе го разобличам и него и целата останата политичка криминална банда и утре во 20 часот на интервјуто кај Лазаров ќе му одговорам на пораката која ми ја пренесоа неговите каубојци!!!”, пишува Јовановски кој вели дека за интервјуто има обемен и многу содржаен материјал кој ќе го понесе со себе кај Лазаров!!!

,,Нема да ме заплашите со ништо и нема да ме спречите, единствено може да го откажам утрешниот настап и да молчам ако ме убиете, друго решение немате”, пишува Јовановски кој тврди дека
Кичеец веќе имал искуства со ликвидации и мафијашки пресметки со убиства.

,,Ваљда истражните органи тоа го знаат и подобро од мене, а ако не знаат ќе дознаат!!!
Се гледаме утре во 20 часот во второто продолжение, поткаст Лазаров”, пишува Јовановски кој во првиот поткаст на Лазаров откри низа вџашувачки работи за луѓето од власта пред се од СДСМ.