Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот Стефан Лазаров…
„Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон мене делуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откажам утрешното второ гостување кај Лазаров!
Воедно, заканите и уцените кулминираа вечерва ( сега пред 15 мин ) кога пред влезот на мојот стан ме пречекаа две лица да ми пренесат порака од Кичеец…






