„Тоа во науките и уметностите не е дозволено“, вели во изјавата за МКД.мк академик Божин Павловски.
„За три години МАНУ ќе влезе во седмата деценија од основањето. Ќе се види од синтезата дека остварила импресивни постигања во науките и уметностите.
Раководена исклучиво од критериумите, дури и во последниве седум години кога беше трн во око на власта која го осакати нејзиното финансирање“, се вели во реакцијата на академикот Божин Павловски на најавата на коалицијата ВРЕДИ дека во Тетово ќе отворат „Албанска академија на науките и уметностите“.





