Професорот познат во овдешната јавност по иритирачките ставови за Македонија, деновиве поднел барање за создавање на професорско политичко движење во Бугарија.
„Ќе направиме политичко движење за да оцениме колку вредиме во очите на гласачите. Потоа може да се трансформираме во политичка партија “, изјави тој во емисија на бТВ.
„Пред една година го основавме движењето ‘Бојански клуб’ на универзитетски професори и (академици –н.з.) од БАН, кое требаше да лобира за донесување на нешта поврзани со културно-историското наследство, но не оди“, рече тој.
Димитров вели дека требало да се „ревитализира традицијата од 1935 – 43 година на таканаречени професорски влади.
„За да го направите ова, треба да бидете вклучени во политиката“, рече професор Димитров.
Божидар Димитров беше на чело на Националниот музеј за историја во периодот 1994-1998 година, три години работеше како новинар и повторно се врати на функцијата која ја извршуваше од 2001 до ноември годинава.
Тој беше гласноговорник на политиката на одредени бугарски кругови кои ја негираа(т) посебноста на македонскиот народ и јазик и бараше „Македонците да се вратат кон нивната бугарска суштина“, а „Македонија да стана втора бугарска држава.“





