Нашата најдобра кошаркарска репрезентација загуби попладнево на гостувањето во Естонија со 74-65 и доколку Косово слави во последниот меч од групата C токму против Естонија, Македонија ќе заврши како последна во претквалификациите за СП и во иднина ќе игра во втората европска кошаркарската лига. Ние сепак се надеваме на спротивното, зошто доколку в сабота во Приштина Естонија победи, Македонија ќе ги продолжи квалификациите во главниот дел од кој се патува на СП во Кина 2019.
По рамноправното прво полувреме (41-41) и по промените на водтсвото во третиот период, паднавме во последната четвртина во која противникот со предност од 20-10 дојде до убедлива победа. Таа е втора за Естонија во меѓусебните во овие претквалификации, а и трет пораз во четирите средба на нашата селекција, што претпоставува дека ова е веројатно најлошиот резултат во нашата историја.
Најдобри поединци кај нас денеска во Талин беа Теодор со 19 и Војдан Стојановски со 18 поени, но тоа беше недоволно зошто сите други потфрлија комплетно.




