Богохулие и декаденција – Директорот на Канал 5 бара олимписки дисциплини: Скок на стап и исфрлување во далечина

Директорот на Канал 5 и автор на подкастот ,,На кавга со Иван”, Иван Мирчевски со иронија бара нови олимписки дисциплини на паралелни Олимписки игри: Скок на стап и исфрлување во далечина.



Коментирајќи го на неговиот профил на бизнис социјалната мрежа LinkedIn отворањето на Олимписките игри во Париз кое глобално ги вознемири христијаните, Мирчевски се прашува дали времето на човештвото какво што го знаеме веќе истекува.

,,Само чекам и се прашувам која од двеве опции попрво ќе се случи:

1. Да се организираат одвоени LGBT Queer Олимписки игри на кои ќе земат учество само припадници на LGBT па може ќе гледаме дисциплини : скок на стап, исфрлување во далечина, локомотива штафета, квиратон и сл?

2. Да се организираат паралелни дисциплини на “нормалниве” Олимписки игри, па да имаме 110 м со пречки за трансџендери, мешана LGBT штафета 4х100 м и сл?

Јас лично немам проблем со ниедно од двеве сценарија, ниту пак со LGBT заедницата се’ дур истите не го повредуваат мојот “личен периметар”. Но…

Како е можно Макрон и другарчињата од Меѓународниот Олимписки комитет да дозволат потсмевање, богохулие или едноставно парада на декаденција во центарот на Париз, при што сериозно беа повредени чувствата на Христијаните ширум светот со Queer пародијата на Последната Вечера?

Грешам или времето на човештвото како што го паметиме полека истекува? Tik-Tak, Tik-Tak…”, пишува Мирчевски користејќи ги хаштазите:
#macedonia #kanal5tv #olympicgames #paris #queer #drag #last #supper #blasphemy

Најчитани вести

Македонија приклештена во дипломатските игри на големите сили

Моќна членка на Советот за безбедност на ОН врши силен притисок врз Македонија


Бектеши може да оди на долга робија

Екс министер на ДУИ се соочува со затворска казна долга 10 години