Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во оставка и еден од можните кандидати за иден лидер на партијата, вчера на социјалните мрежи жестоко ги нападна своите 18 колеги-пратеници кои за време на конститутивната седница во Собрание и избор на парламентарен спикер – не прозбореле ниту збор.
„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за да аргументираат и да дискутираат во Собрание, а не да се сликаат и да молчат!
Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието.
Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на Фејсбук.
Сличен став изнесе и поранешниот градоначалник на Карпош и активист на СДСМ, Андеј Петров, во гостување на Сител
Жив срам ме изеде: Кој не сака да зборува на говорница нека поднесе оставка, порача Андреј Петров






