Бобан Авалон: Не ја оставаме Македонија на простаклукот, шундот и кичот

Сопственикот на Авалон продукција Бобан Милошески објави дека и покрај проблемите со организацијата при концерти на Лени Кравиц тој и неговата продукција нема да остават во Македонија да владеат простаклукот, шундот и кичот.



Милошески открива дека заради просечен српски пејач концертот на една водечките светски ѕвезди Лени Кравиц се соочил со можност да биде одложен.

,,Да напишам некој збор додека ме држи лутината.

Таа во последно време ми проаѓа брзо, и тоа ме нервира!

Полесно е да направиш во Мариово Формула 1 отколку да организираш овде ваков концерт, по ваква ,,величествено сељачка агенда” каква што имаше овој објект пред концертот на Lenny Kravitz, што го доведе во прашање вчерашното негово организирање.

Искрено, да се направи ова вчера беше невозможна мисија! Никогаш не сум бил погорд на луѓето од Авалон и оние кои работеа за Авалон што воопшто успеавме да го направиме она синоќа!

Немојте да заборавите дека ни беше забранет влез на стадион до сабота до полноќ, бидејќи имаше ексклузивен концерт на мега ѕвездата Ацо Пејович, кој е толку ексклузивен да уште во Долно Коњари нема пеено – во Горно секако дека има!Неколку пати.

Бидете горди што бевте дел од ова вчера и споделувајте го ова видео, ве молам, да видат колку не’ има!

Не ја оставаме земјава на простаклукот, шундот и кичот!

Не’ има сепак повеќе од сите нив заедно цела оваа претешка недела”, пишува Бобан Милошески за концерти на Лени Кравиц.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/share/r/6fdugfrJhuNWJW6K/?mibextid=oFDknk