Промената на власта во Македонија нема да го намали бројот на македонски Бугари ци кои што бараат бугарски пасоши, смета Лазар Младенов, директор на Бугарскиот културен клуб – Скопје кој се жали што властите во Софија не се ажурни при решавање на апликациите.
Младенов за бугарските медиуми вели дека бројот на баратели на бугарски пасоши постојано расте и е поголем од било кога но проблем е што луѓето се блокирани при вадење на бугарски пасош од непознати причини.
Според него до пред нова година пасошите биле издавани без застој и големи чекања но сега ситуацијата е поинаква.
„Ја поддржуваме секоја идеја која што може да помогне за забрзување на целиот процес за издавање на бугарско државјанство за Бугарите во Македонија. За мене е несфатливо луѓето да чекаат по три – четири години за да добијат државјанство. Тоа е исклучително долг период и треба да се направи напор да се скрати времето“, вели Младенов.
Тој тврди дека главна причина за барање на бугарски пасоши на македонските граѓани е што во Македонија бугарштината е сеуште црна, забранета тема, и затоа луѓето бараат пасоши за да заминат на запад и да ги избегнат ударите врз нив во земјата.





