Блиц: Србија и Косово да стапат во „реална унија“!

Владан Кутлешиќ, професор на Правниот факултет на Универзитетот – Никола Тесла, предлага формирање реална унија на независните држави Србија и Косово, кои сепак ќе останат меѓусебно поврзани.



Тој предлог го привлекол и вниманието на претседателот Александар Вучиќ во рамките на внатрешниот дијалог за Косово.

„Мојот предлог претпоставува  Србија да го признае Косово како независна држава, но Косово да  остане институционализирана во врска со Србија. Тоа би било една царинска унија која би имала единствен пазар и единствена монетарна политика. Во тој случај, динарот нема да мора да биде единствена официјална валута, но ќе се користи како средство за плаќање и во Косово. Овој економски сегмент за Србија е особено важен, затоа што нашите производи се уште најчесто се купуваат во КиМ, а со Унија купувањето на српските производи ќе биде многу полесно“, вели Кутлежиќ за „Блиц“.

Тој наведува дека денес постојат примери на „реални унии во светот, а ги имало и во минатото. Најблизок пример е Државната заедница на Србија и Црна Гора, која преживеа три години.

Неговиот предлог, исто така, предвидува и политичка и територијална автономија за Србите во северно Косово, каде што е околу 100.000, додека оние кои живеат јужно од Ибар би имале персонална (културна, јазична, информативна …) автономија.

Исто така, и сопственоста на Српската православна црква и српските средновековни споменици на културата, во ова решение, би добиле функционална автономија, односно со нив да управува српскиот Завод за заштита на спомениците на културата или орган на Косово, која че биде платен од страна на Србија.

Неговото решение, исто така, предвидува дека Косово ќе добие столче во Обединетите нации.