Големи групи навивачи се судрија синоќа по натпреварот Холандија-Турција.
Фановите на репрезентациитер на Турција и Холандија физички се пресметуваа на улиците на Германија и Холандија по четвртфиналниот натпревар на Европското првенство.
Холанѓаните обезбедија пласман во полуфиналето по големиот пресврт во второто полувреме и давајќи за кратко два гола.
Резултатот беше 2:1, а турските навивачи разочарани го напуштија стадионот во Берлин и се судрија со навивачи на Холандија.
Посериозно беше во Холандија, најжестоко, се чини, во Ајндховен, каде летаа столчиња во пресметката на навивачите на двете репрезентации.
На социјалните мрежи се појавија видеа од нивната тепачка, а како што пренесува холандскиот „omroepwest.nl“, полицијата и воената полиција морале да реагираат во Хаг.
Линк до ВИДЕО





