Блиска средба во албанскиот парламент

Лидерот на албанската опозиција, Лулзим Баша, го обвини премиерот Еди Рама дека со изборот на привремент обвинител „направил речиси подмолен државен удар“.



Албанската опозициона Демократска партија се противи на изборот на Арта Марк за обвинител и смета дека тоа е наменско политичко решение наместо да се бара професионален јавен обвинител.

Баша, во многу жесток говор од собраниската говорница, рече дека владата е решена да го прекрши Уставот за да ги заштити своите имоти.

„Вие сте решени да го прекршите Уставот за да ги заштитите вашите имоти. Ова е последен пат, во името на Уставот со барам од вас да се повлечете. Ова е заповед од народот да го сослушате или да се справите со последиците“, пренесува албанскиот портал „Exit.al“.

По зборовите Баша и по репликите од членовите на владеачките социјалисти, дојде до гужва по што обезбедувањето на парламентот интервенираше за да ги раздвои пратениците.

Од утово ситуацијата во парламентот е напната, и неколлку илјади приврзаници на опозицијата протестираат пред парламентот иако кандидатурата на Арта Марк наводно е отфрлена.