Блескаво деби на Димитриевиќ во Евролигата

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ остави силен впечаток во своето деби во Евролигата и според бројките зад неговото име беше еден од најдобрите играчи на Емпорио Армани на гостувањето кај Монако.



Бекот на репрезентацијата на Македонија за 24 минути во игра беше втор стрелец на екипата од Милано со 11 поени (3/6 за два, 1/2 за тројка и 2/2 од слободни фрлања), како и прв скокач (6) и асистент (5).

Емпорио Армани загуби со 93:80.