БиХ: Тинејцер со нож уби полицаец во полициска станица, тешко ранил уште еден

Петнаесетгодишник синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа при што уби еден полицаец, а друг тешко ранил.



Напаѓачот влегол во полициската станица и прво со нож нападнал полицаец, кој веднаш им подлегнал на повредите.

Потоа нападнал и други, кој бил тешко повреден и веднаш бил пренесен во Кантонската болница  каде е во стабилна состојба, јави Кликс.ба.

Порталот наведува дека пред нападот на полициската станица, напаѓачот испраќал чудни пораки до познаници, збогувајќи се со нив. Оние кои го познавале наведуваат дека бил склон кон верски екстремизам.

По полициска истрага, нападот е прогласен за терористички чин