Под наслов ,,Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата”, порталот А1ОН објавува анализа на скандалозниот случај за битолската судијка Жаклина Доведен и детенцето одвоено од мајката за да биде дадено на татко со досие на семеен насилник кој доаѓа од една од најбогатите македонски фамилии.
Одлуката на судијката Жаклина Доведен за одземање на четиригодишното дете од мајката од Скопје и доделување на таткото од Охрид по нивниот развод, допрва ќе стане пример за тоа какво судство не и треба на Македонија и со какви институции треба да се расчистува, пишува порталот кој дава фрапантни информации за случајот кој е преседан во македонското и европското семејно право:
,,Судот во Охрид и во Битола на чело со Жаклина Доведен одлучувале најмногу врз основа на извештајот на Центарот за социјални работи од Охрид, кој не бил надлежен да дава мислење, туку тоа бил Центарот од Скопје. Но и покрај укажувањата, Центарот од Охрид продолжил да дејствува во корист на таткото, а судијата во Охрид и судијката во Битола го прифатиле нивниот извештај како релевантен за пресудата.
По ова, директорот на Центарот за социјални работи во Охрид, Игор Еленчевски беше разрешен и поведена е кривична постапка против него во декември по основ на записникот од инспекциски надзор на Министерството за социјална политика. Пријавата е за неправилно постапување по предметот во кој детето наместо кај мајката, судот го додели на таткото”.
Од министерстовто за А1он потврдиле дека сеуште стојат на ставот дека Центарот во Охрид не бил надлежен за да прави извештај, а зошто упорно правел, а судот тоа го прифатил допрва ќе се разјаснува.
„Ве известуваме дека во однос на наведената постапка околу надлежноста на центрите за социјална работа за давање на мислење за доверување на дете во судска постапка, Министерството за социјална политика, демографија и млади останува на ставот наведен во дописите кои се доставени до Центарот за социјална работа Скопје и Центарот за социјална работа Охрид“, изјавиле за А1он од министерството.
Ова значи дека судовите во Охрид и Битола, свесно, повикувајќи се на свое толкување дека е релевантен извештајот од охридскиот центар, извеле неправилни докази, а со тоа и пресуда која најверојатно ќе мора да биде вратена на повторно судење.
Второ, второстепената одлука под водство на судијката Жаклина Доведен, за која со аргументи може да се каже дека е многу непотполна и конфузна и дека ја држи едната страна е донесена така што од Советот кој одлучувал е изваден судија за граѓанско право, а назначен кривичен судија истиот ден кога и се одлучувало. Тој немал време да го види предметот, не да го проучи, а гласал. Зошто е оваа замена и како можел да гласа ваков судија тоа ќе треба да одговори некој, пред се судијката Жаклина Доведен.
Најновиот притисок доаѓа од Центарот за социјални работи во Скопје кој врши терор секојдневно врз мајката да го даде детото.
Сите детали на А1ОН






