„Во политиката влегов, за да ја направам промената. Нема откажување додека не ја направам!“ – порача Фатмир Битиќи преку општествените мрежи. Ова го јави ТВ 21 во својата вест под наслов „Битиќи најавува промена, но дали во СДСМ, или во друга партија?“.
ТВ 21 пишува: Вицепремиерот за економски прашања пред неколку дена, веднаш по поразот на СДСМ на изборите, поднесе оставка од потпретседателската функција во партијата. Тој не даде одговор на прашањето: дали ќе се префрли во друг табор, или останува во СДСМ?





