во објава на Фејсбук, ги демантира По шпекулациите што се појавија вчера според кои потпретседателот на СДСМ и пратеник во нивиот парламент Фатмир Битиќи ја напушта партијата и ќе се приклучи на ВРЕДИ, тој се јави со објава на Фејсбук.
„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на „неофицијално дознава…”.
Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.
Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!“, вели Битиќи.






