Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека вонредно комисијата ќе одржи седница и ќе се донесе одлука за зголемување на ценат за 2,5 денари на дизелот и екстра лесното гориво како резултат на шокот од иранско-израелскиот конфликт.
– Ова е прва недела, сега ќе биде првиот удар, денеска носиме вонредна одлука, дизелот и екстра лесното гориво ќе поскапaт за 2,5 денари, рече Бислимовски.
Првиот регулатор изјави дека конфликтот освен што влијае на цената на суровата нафта, овој пат делува и на цената на природниот гас.
– Цената на природниот гас е за 20 проценти повисока минатата недела, а тоа најмногу ме загрижува, затоа што со тоа е поврзана цената на електрична енергија. Има нагорни придвижувања и на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал во 2025, а кај фјучерсите за струја има зголемување з аоколу 3,5 посто што засега не е некоја голема промена, коментира претседателот на РКЕ.
Бислимовски потсети дека пред три години со руско-украинскиот конфликт цената на мало на бензинот достигнала 110 денари по литар, а краткорочно позитивно е тоа што курсот на доларот во однос на денарот е намален



Извор: 


