Некои бисери не се забораваат. Денеска е денот кога треба да се потсетиме на легендарната изјава на Зоран Заев кој најде сличности кај Цар Самоил и Светите браќа Кирил и Методиј. Замислете, сите тројца многу шетале.
Заев е првиот македонски премиер кој во интервју порача дека со Бугарите имаме заедничка историја, и Делчев е заеднички, а богами и Цар Самоил… Многу работи беа кажани на тоа интервју, после кое неговите „браќа“ ни ставија вето, но на денот на просветителите Свети Кирил и Методиј, да потсетиме на оваа легендарна изјава.





