За да го подготвите овој вкусен деликатес, се што ви е потребно е квалитетно биено сирење и добро исчистена скара на жар.



Состојки:

-200 грама биено сирење
-10 грама маслиново масло за готвење
-оригано
-црн пипер
-домати

Подготовка:

Исечете го сирењето по должина, а да биде дебело колку два прста.
Врз сирењето полијте маслиново масло и потоа додајте малку бибер и оригано.
Оставете го сирењето на скарата да се пече по 3 минути на секоја страна и ќе добиете превкусен деликатес и совршено мезе кое можете да го сервирате со сочен домат.