Во таква ситуација не би можеле да се одржат локални избори. На државата, според, него ѝ се потребни и предвремени парламентарни избори, вели Блерим Беџети од ДУИ во интервју за Радио Слободна Европа.
Околу заканата на ДУИ дека ќе нема локални избори доколку со нив паралелно не се одржат и парламентарни избори, Беџети негира дека ДУИ ќе бојкотира туку дека секогаш е спремна за избори.
„Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицковски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата“.
Според него, недозволиво е да се почитува само едниот легитимитет во државата од двете најголеми етнички заедници во државата, и затоа бараме предвремени парламентарни избори.
Вели дека ДУИ имала средби со граѓанитеа од сите прашања и коментари, „загриженоста околу ова многу сензитивно прашање е на највисоко ниво. Нормално ние сме избрани од Албанците и граѓаните и ние свесни сме каква ќе биде реакцијата, и затоа е кажан тој став дека тешко дека ќе има локални избори, затоа што се нарушува етничката стабилност“.
Беџети додава дека треба да се дебатира за сите полиња на прогрес, а не регрес на правата на Албанците, наведува Беџети и дополнува дека секако дека „ќе дојде до политичка криза, ако се чепне во Законот за јазиците“.






