Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети вели дека додека ДУИ била на власт не можело да се разговара за законот за албански јазик.



„Вакви иницијативи има секој ден и таа (ДУИ)) ги чуваше во фиоки. Имаше моќ зад себе и ја задржа… Кога бевме таму не можеше да биде загрозено, не беше ниту дел од медиумската дебата…“, рече Беџети во „Клик плус“, пренесува Телеграфи.

Претходно Беџети го обвини Снопче дека сите овие теми што се отвориле – како албанскиот јазик и балансерот, се како резултат на тоа што ВРЕДИ го нарушил легитимитетот на Албанците, за што Беџети вели дека Европскиот фронт го заслужува.

„Овие не се нарачани од народот, тие се слуги на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сведоци сме дека во минатото кога доаѓаа на гости му честитаа на Али Ахмети за неговите достигнувања, денеска Спиропали (шефицата на албанскиот парлемент) ја изрази својата загриженост до претседател на Собрание и овие воопшто не поцрвенуваат.

За целата оваа ситуација (…), не почитувајќи го гласот на Албанците, дека имаше институционално дефакторирање на Албанците, но сега одат чекор понатаму – преку уставните органи“, рече Беџети.