„Бехтел и Енка“ ги доби првите 20 милиони евра од новата власт

Бехтел и Енка“, конзорциумот кој ќе ги гради четирите автопатски делници во рамки на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, ги доби првите 20 милиони евра од новата власт, односно првите пари од државниот буџет воопшто за оваа година, пренесува Фактор. Мк



Министерството за транспорт минатата недела на сметката на инвеститорот – Јавното претпријатие „Државни патишта“ префрлило;1.284.052.574 денари, или поточно нешто повеќе од 21 милиони евра, потребни за изведувачот.

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, во текот на изминатите месец и пол дена извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани и Прилеп – Битола. Беше констатирано дека овој проект останува приоритет за напредокот на економијата.< https://faktor.mk/behtel-i-enka-gi-dobi-prvite-20-milioni-evra-od-novata-vlast