Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк (Мома) ќе организира изложба за поранешна Југославија, поконкретно  за нејзината модернистичка повоена архитектура. Изложбата ќе стартува во јуни ќе вклучува фотографии, модели, филмски реквизити и повеќе од 400 цртежи семејни збирки и од општински архиви низ целиот регион, а цел е да се сврти внимание на досега недоволно проценетата работа на социјалистичките архитекти на источниот блок.



Споменик на битката кај Сутјеска

Архитектурата на Југославија била директно инспирирана од глобална позиција ва земјата во тој период, географски и политички „фатена“ во средината помеѓу капиталистичкиот запад и социјалистичкиот исток, што создаде еден посебен, контрадикторен стил, пишува „Индепендент“.

Архитектите ги комбинирале екстравагантните облакодери на Западен стил со бетонски зданија, одразувајќи ја хибридноста и идеализмот што ја карактеризираше југословенската држава во својата 45-годишна историја, која заврши со суров конфликт помеѓу 1991 и 1992 година.

Изложбата се фокусира на периодот помеѓу 1948 и 1980 година, во кој земјата  се обиде да го издвои сопствениот идентитет, различен од оној на нејзините европски соседи.

Сава Центар – Белград

Овој уникатен стил ја одразува политиката на земјата, која го предводеше движењето на Неврзаните – организација на земји кои не се определија да заземат страна во конфликтот во Студената војна, и наместо тоа, си помагаа едни со други одејќи по „третиот пат“.

Ова ѝ даде на поранешната земја можност за влијание и надвор од своите граници, со слични архитектонски стилови имитирани во неврзаните земји низ Африка и на Блискиот Исток…

Изложбата исто така ќе се обиде да го прикаже технолошкото експериментирање и револуционерното планирање на градови низ проекти како што е повторната изградба на пост-земјотресно Скопје во Македонија и Нов Белград во Србија.