Сојузот на синдикатите на Македонија, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија и целокупното работничко движење во Македонија по Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за законот за работни односи со остра реакција.
Со Законот за работни односи се дозволи да се работи 72 часа неделно или 32 часа подолго од полното неделно работно време од 40 часа, реагираат од Синдикатот на градежништво.
-Уште пострашно е тоа што Уставниот суд потклекна под бизнис интересите и за повеќе од една година го промени ставот со оглед на тоа што веќе еднаш истиот Уставен суд донесе Одлука со која ја укина првата намера во Македонија да се воведе 60 часовна работна недела.
Работниците во Македонија, најостро го осудуваат денешниот чин со кој се забетонираа работничките права особено правото на пристојно работно време и достоинствената работа, но очигледно дека во Македонија одамна нема достоинство и пристојност, а владеењето на правото е исклучиво право на бизнисот наспроти работниците.
Денешната Одлука на Уставниот суд е печат на модерно ропство како краен облик на искористување на луѓето од други луѓе, односно од странци дојдени да ги експлоатираат Македонските работници, нешто што се случувало од колонизаторите во минатиот век, во срцето на Европската унија во 2024 година. Очигледно е дека само Сојузот на синдикатите на Македонија останува единствена брана и кој се бори за работниците, а затоа сакаат да го срушат, па македонскиот работник конечно треба да бира дали ќе се бори или ќе се сели зошто друг избор нема, нема друг пример во светот каде што Државата сама дозволува на странски експлоататори да ги експлоатираат домашните работници.
Ова е најцрната честитка по повод 60 години од Уставниот суд, а тоа е дека работниците сами бираат да бидат робови и тоа е уставно, стои во реакцијата од ССМ.






