Бетмен Велит пак го фати Џабир Дерала во политички ,,офсајд”

Една година откако Богдан Илиевски откри дека медиумскиот тајкун Џабир Дерала водел политичка кампања во корист на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ повторно се случува популарниот Бетмен Велит да открие скандал во кој медиуми на Дерала шират лаги.



Овој пат Илиевски алијас Бетмен Велит открива манипулација на медиуми на Дерала кои лажат дека Мицковски му се извинил на косовскиот премиер Курти за случајот со Вјоса Османи иако сите други медиуми пренесоа дека било изразено жалење.

Бетмен Велит во реакцијата најпрвин ја опишува разликата меѓу изразување жалење и извинување:

„Жалам за жртвите на војната во Украина“ (изразуваш жалење за настан за кој не сносиш вина)

„Се извинувам за жртвите во војната во Украина“ (прифаќаш одговорност и се извинуваш за некој чин во кој си бил директно вмешан).

Потоа Бетмен објавува дека конкретно на прашањето на новинарката дали Мицкоски му се извинил, Курти зборува за веќе претходно искажаните ставови на двете МНР на Македонија и Косово и дека жалењето за настанот било повторено на средбата.

,,Сепак, Фронтлајн //и Цивил медија// единствени во цела Македонија виделе дека „Мицкоски му се извинил на Курти за случајот“, пишува Илиевски кој ги наведува изворите под контрола на Дерала.

Илиевски дава цитат од верзијата на Цивил Медија во која толкуваат дека изразеното жалење било извинување од Мицкоски кон Курти:

„Курти одговори дека додека траела тет-а тет средбата со Мицкоски, имало извинување од негова страна, односно, дека изразил жалење за инцидентот и на средбата, како и претходно“, стои во лажната објава на Фронтлајн.

,,Цитат од текстот на Фронтлајн во кој не толкуваат дека жалењето било извинување, туку одат директно и само со фејкот дека се извинувал премиерот:

„Курти одговори дека додека траела тет-а тет средбата со Мицкоски, имало извинување од негова страна.“

Неписмена рајо, описмени се :)”, пишува Бетмен Велит користејќи ги хаштазите:

#ГдеСтеФактЧекери
#ФронтЛајненици

Претходно Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит го фати жив Дерала како иако се претставува новинар работи како партиски пропагандист.

Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)