За сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија, Општина Гази Баба и годинава обезбеди бесплатни училишни униформи.
Со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.
Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
„Овој проект за прв пат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и истиот претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски“, велат од општината.






