„Како ќе излезе коалицијата ВРЕДИ во првиот круг од локалните избори, заедно или одделно? Оваа коалиција е составена од четири партии. Каков план имаат сите четири? Партиските лидери сѐ уште се договараат.“ – објави ТВ 21.
Телевизијата натаму наведува: Пратеникот на Алтернатива Беким Сали изјави дека четирите партии ќе се здружат, но се уште не се знае како ќе ги поделат општините. Запрашан дали ќе настапат заедно како коалиција Вреди на локалните избори Сали одговара: „Да, заедно почнавме, заедно ќе продолжиме.“
На дополнително прашање дали е разговарано во коалицијата Вреди како четирите партии ќе ги поделат меѓу себе општините, на кои ќе се настапи, овој пратеник од Алтернатива истакнува: „Се уште не, ќе бидеме заедно, во коалицијата сме четири партии, нема друго решение.“ .
Фатмир Садриу од Беса посочува дека на изборите ќе излезат заедно, но додава дека партиските лидери се уште преговараат. „Ние, како коалиција, настапивме заедно на последните парламентарни избори и несомнено дека ќе настапиме заедно и на локалните избори со најдобрите кандидати во 16 општини, во кои живеат Албанци.“ – укажа Садриу.
Од АА на Таравари нема конкретен одговор во врска со ова прашање. Од оваа партија потсетуваат на вчерашниот став на коалицијата дека „како коалиција Вреди се уште не ги поделиле општините ниту се договориле за кандидатите, кои ќе водат и кои ќе победат во албанските општини“.
Таравари инсистира во првиот круг четирите партии да се натпреваруваат одделно, а во вториот круг да ги здружат силите како коалиција. Но од Демократското движење, Алтернатива и Беса инсистираат да се натпреваруваат како коалиција во првиот круг. Пратеничката Фериде Хаџиу од Демократското движење одбегна да даде одговор околу ова.





