Берлин организира дебата за Македонија, и Димитров ќе учествува

Берлин за поблиски односи со Србија и Албанија, ќе ни го чисти патот до ЕУ и НАТО



Германскиот Совет за надворешни работи  ќе дебатира како новата македонската влада може да внесе нов свеж здив во ЕУ и НАТО интеграциите и како можат да бидат да бидат подобрени односите со Србија и Албанија.

Во најавата што доаѓа од Берлин се вели  дека на 6 септември по длабоката политичка криза во главниот град на Германија покрај за билатералните односи како Договорот со Бугарија и можен брз договор со Грција ќе се расправа  и за други важни домашни теми.

Според  една од највлијателните невладини организации, германскиот Совет за надворешни работи кој е организатор на дебатата за Македонија, главен предизвик за земјата е да се реинсталираат институциите и владеењето на правото.

Во оваа операција главна задача според германскиот совет ќе биде продолжување на прогонот на корупцијата и спречување на илегалните практики на прислушување кои што се случија за време на предходната влада.

Според најавата од Берлинската организација ВМРО – ДПМНЕ се опишува како „националистичка“.

На дел од одговорите во Берлин одговор ќе се обиде да даде заменикот шеф на друга организација, Европската Иницијатива за Стабилност (ЕСИ) Криштоф Бендер а претседавач со дискусијата ќе биде Милан Нич претставник на фондацијата Роберт Бош за Централна и Источна Европа, Русија и Централна Азија.

На дебатата ќе учестувува и министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Дел од набљудувачите на меѓународните процеси во Берлин дебатата за Македонија ја поврзуваат со скорешен обид за влез на земјата во НАТО и решавање на догогодишниот спор за името кое што ќе биде една од главните теми на разговорите.