Берлин: Владата имаше импресивен старт, сега се бараат реформи

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел по средбата со македонскиот колега Никола Димитров ја пофали владата за импресивниот старт и веднаш со германска студенотст побара резултати.



Габриел преку профилот на Твитер од новата влада бара да ги спроведе бараните реформи а од македонската опозиција преку соопштение не германското МНР се бара да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со власта.

Според Берлин македонската влада досега  направила импресивен почеток со поставувањето на своите приоритети по прашањата со соседите, амбициозните реформски проекти и со позитивните чекори, но сега е најважно да се спроведат реформите, е пораката од Германија.

„Сакам да испратам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар почеток на новата Влада и да не одбива конструктивно да соработува со неа, бидејќи сето ова нема да биде на сметка само на европската перспектива на земјата, туку и на граѓаните во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и на подобрување во нивните животи“, се вели во изјавата на Габриел објавена од германското МНР.