Бериша: Шверц со деца за трансплантација на органи на косовско-албанската граница

Поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша на својот Фејсбук профил изнесе шокантни информации во врска со криумчарње на деца на косовско-албанската граница.



Бериша, наводно сознанијата ги добил од еден албански полицаец кој побарал тие да бидат јавно објавени.

Полицаецот од Кукс тврдел дека трговијата со деца е заради продажба и трансплантација на органи.

Медиуми од Албанија и од Балканот ја пренесоа вознемирувачката информација на Бериша (кој инаку по професија е лекар-кардиолог) во која се вели:

Вознемирувачка пријава!

Полицаец пријавува постоење на организирани групи кои крумчарат деца за трансплантација на внатрешните органи!

Го повикувам Обвинителството да започне истрага!

„Господине Бериша, јас сум полицаец на границата кај Кукс. Можете да спасите многу деца. На границата на Албанија и Косово, криумчарат деца помлади од 18 години за трансплантација на органи. Со фалсификувани изводи.  Подмитуваат полицајци со 20 илјади леки (околу 150 евра,н.з.). Досега беа шверцувани девет деца кои биле киднапирани од сиромашни села. Ве молам, обелоденете и направете нешто. ”

 

https://www.facebook.com/SaliBerisha/photos/a.400031620157751.1073742476.121577844669798/880108218816753/?type=3