„Со членството на нашата земја во НАТО успеавме да ги осигуриме суверенитетот, стабилноста и територијалниот интегритет на државата од обиди за закана и дестабилизација од можни надворешни непријатели, но не успеавме да осигуриме безбедност и стабилност во државата. Некои поединци и групи на поединци во нашата држава две децении го парализираа нејзиното функционирање. Надворешната и внатрешната стабилност се тесно поврзани една со друга. Надворешната стабилност не може долго да постои без внатрешна стабилност. Затоа, мора да се преземат активности и мерки, за да се осигураат внатрешната стабилност и безбедност, загрозени од внатрешни чинители! Истите луѓе не си ја сакаат државата, но и ниту НАТО како организација, која веќе пет години активно се грижи за стабилноста и надворешната безбедност на Република Македонија.“ – нагласува Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Албанската редакција на Македонската радио и телевизија, во својата колумна со наслов „Република Македонија пет години како членка на НАТО обезбедена од надворешни непријатели, но не и од дестабилизирачки чинители во државата“, која ја објави влијателниот весник на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, Косово.
Бериша пишува: Петте години од членството на Република Македонија во НАТО ја затекнаа земјата со бројни внатрешни проблеми, како што се: недостаток на внатрешна безбедност, ситуација која влијае и на недостигот на безбедност на нејзините граѓани. Наша главна грижа сега е како да ги спасиме нашите животите наши и на нашите најблиски од бројните смртни случаи што се случуваат премногу често кај нас. Денес излегуваме во сообраќај и ни се загрозени животите, одиме на забава да уживаме и да се забавуваме, но за нас сè уште постојат многубројни опасности за нашата безбедност и живот како граѓани.
Тоа е последица на многуте лудости, што ги прават некои луѓе, од непочитување едни кон други, од неуспехот да се спроведуваат Уставот и законите, од високиот степен на криминал и корупција, од алчноста за брзо богатење и повеќе пари, од нефункционалноста на судскиот систем, поради што постои селективна правда. Ваквата состојба во оваа сфера на функционирање на државата предизвика да се инсталира систем на неказнивост на криминалците и корумпираните.
Овој систем кај нас има помалку од два отсто доверба кај граѓаните. Суштината и главниот мотив на членството на која било земја во НАТО е безбедноста, но неа ја нема целосно кај нас, иако ја одбележуваме петгодишнината од членството во најголемата и најмоќната светска безбедносна организација НАТО. За сите проблеми, неправилности и грижи, што не мачат денес како држава, на петгодишнината од членството во НАТО, кои ги споменав претходно, виновникот не е оваа голема безбедносна организација НАТО, туку некои поединци и групи на поединци во нашата држава, кои две децении го парализираа нејзиното функционирање. Последица на ваквата состојба денес се не само системот на непочитување, туку и практиката на кршење на човековите права и слободи. Последново е главен чинител за постоењето на нашата внатрешна небезбедност.
Со членството на нашата земја во НАТО успеавме да ги осигуриме суверенитетот, стабилноста и територијалниот интегритет на државата од обиди за закана и дестабилизација од можни надворешни непријатели, но не успеавме да осигуриме безбедност и стабилност во државата. Надворешната и внатрешната стабилност се тесно поврзани една со друга. Надворешната стабилност не може долго да постои без внатрешна стабилност.
Затоа, мора да се преземат активности и мерки, за да се осигураат внатрешната стабилност и безбедност, загрозени од внатрешни чинители, кои не само што не ги споделуваат заеднички вредности во нашата земја, туку и не ги почитуваат, или не споделуваат ниту северноатлантските вредности! Значи, истите луѓе не си ја сакаат државата, но и ниту НАТО како организација, која веќе пет години активно се грижи за стабилноста и надворешната безбедност на Република Македонија.






