„Наместо да се повикуваат сега дека имаат легитимност, челниците на ДУИ, која е сега во опозиција, не треба да заборават дека им го наметнаа тој легитимитет на албанските граѓани со насилство, уцени и купување гласови. ДУИ ги применија сите овие методи за да обезбедат легитимност и затоа се нелегитимни долго време во политиката. Челниците на ДУИ инсистираат дека имаат и натаму легитимитет во политиката, но наместо да се повикуваат на легитимноста, која ја немаат, тие треба сега да се покајат, поради неприфатливите и противзаконски средства, што ги користеа да ја убедат широката јавност дека го имаат легитимитетот на албанските граѓани. Челниците на ДУИ треба да се покајат уште повеќе, поради катастрофалното владеење и злата, што им ги направија на Албанците од * Македонија додека беа на власт.“ – вели Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Македонската радио и телевизија, во својата колумна со наслов „Легитимитетот наметнат со сила не е легитимитет, туку само оној, кој е доброволно прифатен од граѓаните“. Колумната ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, Косово.
Бериша пишува: Некои поранешни албански властодршци во Западниот Балкан не зажалија воопшто, поради тоа што повредија многу Албанци со своите порази и неуспеси во политиката, додека ја држеа власта во свои раце. Тие албански властодршци не зажалија воопшто, поради нивното лошо владеење, многуте штети и трагедии, што им ги нанесоа на граѓаните додека беа на власт. Зачудувачки, тие ги броеја секогаш своите неуспеси и загуби како свои големи победи. И покрај таквите факти, таквите поранешни албански властодршци инсистираат дека имаат и натаму легитимитет во политиката.
Политичкиот легитимитет се добива на два начина: 1. Со волја од страна на граѓаните и природно прифаќање и 2. Со насилство, односно политичкиот легитимитет може да им се наметне на граѓаните со неприфатливи средства и методи. Легитимитетот наметнат со сила не може да се смета како легитимитет, а вистинит е оној, кој природно прифатен од граѓаните.
Албанските политичари на албанските простори отсекогаш наметнувале легитимитет со насилство, уцени и купување гласови. За каков легитимитет можат да зборуваат албанските политичари, кои долго време се на власт во Западниот Балкан, кога главните средства и методи за негово обезбедување се насилство, уцени и купување гласови?
Демократската унија за интеграција во Македонија во последно време се повикува на легитимитетот на граѓаните, но челниците на оваа партија забораваат дека тој легитимитет одамна им го наметнаа на албанските граѓани со неприфатливи и противзаконски средства. ДУИ ги применија сите овие нетипични алатки и методи за да обезбедат легитимност и затоа се нелегитимни долго време во политиката.
Затоа, наместо да се повикуваат на легитимноста, челниците на ДУИ, сега во опозиција, треба да се покајат, поради насилството и другите незаконски средства, што ги користеа да ја убедија широката јавност дека го имаат легитимитетот на албанските граѓани. Челниците на ДУИ треба да се покајат уште повеќе, поради катастрофалното владеење и злата, што им ги направија на Албанците од * Македонија додека беа на власт.





