Бериша: Да се спушти завесата на стариот политички Циркус во Р*М, а новите политичари да работат не само за себе, туку за сите граѓани

Политиката во * Македонија во текот на триесет и трите години независност никогаш не функционираше сериозно, достоинствено и со одговорност, туку со игри, интриги и манипулации. Таа политика се претвори во циркус почесто во трагична смисла, а поретко во смешна смисла. Кога велам циркус, не мислам на вештините на политичарите да ги насмеат граѓаните, туку да ги нервираат. Затоа, колку побрзо ќе се затвори овој стар политички циркус во нашата земја, толку подобро ќе биде за граѓаните.“ – вели Ејуп Бериша, политиколог и поранешен политички советник на еден поранешен претседател на Република Македонија, во својата колумна со наслов „Да се спушти завесата на стариот политички Циркус во * Македонија“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.



Бериша пишува: Со промената направена со последните парламентарни избори во албанскиот политички табор во политиката треба да се вклучат учени, способни, сериозни, достоинствени луѓе, кои имаат авторитет. Доста е со изборот без врска од албанските политички партии на неписмени, пропаднати, па дури и деструктивни поединци на водечки позиции во државните и јавните институции.

Луѓето кои ќе се занимаваат со политика мора да му бидат познати на поширокото јавно мислење, мора да бидат и личности со доблести, со човечки квалитети и со интелектуални и професионални вештини, но и со педигре. Секој обид да се продолжи со стариот пристап ќе биде обид да се продолжи со стариот здодевен и непожелен политички циркус, што го инсталираа старите политички субјекти во нашата земја.

Овој циркус никогаш не произведе спокој и слога меѓу граѓаните, туку страдање, досада и тага. Треба да се вратат довербата и позитивното убедување за политичарите и политиката, кои се изгубија многу одамна овде. Оваа доверба дефинитивно мора да се врати, ако сакаат политичарите да им граѓаните. Сите граѓани имаат желби, потреби и амбиции, на е само политичари. Овие желби, амбиции и потреби не можеа да ги остварат мнозинството луѓе, затоа што за сите работи во нивниот живот одлучуваа политиката и политичарите.

Наместо да го спроведуваат општиот интерес, тие го спроведуваа индивидуалниот и тесногрупниот интерес. Новата раководна политичка елита, што се инсталира на централната албанска политичка сцена во * Македонија, верувам дека ќе биде поинаква, позрела, посвесна и попосветена на остварување на општиот интерес и оти нема да прави шеги со виталните интереси на албанските граѓани и со нивните колективните интереси како народ.

Познавам тројца од петте лидери на коалицијата Вреди: ги знам по добро, а не по лошо. За Изет Меџити, Африм Гаши и Арбен Таравари имаме позитивно убедување и високо мислење. Верувам дека тие тројцата ќе инсталираат сериозност и посветеност во политиката, за да направат добри и потребни дела. Верувам дека ќе се однесуваат добро и со целосна грижа за нас, граѓаните во целина. Време е да се спушти завесата на стариот политички Циркус овде кај нас.